Од ноември ќе се вози по автопат од Куманово до Табановце

Bez autora
Jun 17 2010

До ноември годинава комплетно ќе заврши изградбата на автопатската делница Табановце - Куманово. Ова му го ветија изведувачот и Агенцијата за државни патишта, како финансиер на проектот, на министерот за транспорт, Миле Јанакиески, кој вчера беше во обиколка на делницата. Работите се одвиваат според предвидената динамика и до ноември можеме да очекуваме да бидат завршени. Делницата Демир Капија - Смоквица, која е, исто така, дел од транспортниот Коридор 10, ќе започне да се гради од идната година. Финалниот план е готов и деновиве ќе се испрати до Европската комисија, со што ќе се заокружи проектот вреден 270 милиони евра. Cумата е висока поради лошиот терен во јужниот дел и пробивањето на патот со десет тунели и исто толку мостови. Коридорот 10 ќе се гради по сите европски стандарди и се очекува да се финализира до крајот на 2013 година.

Од ноември ќе се вози по автопат од Куманово до ТабановцеДо ноември годинава комплетно ќе заврши изградбата на автопатската делница Табановце - Куманово.

Ова му го ветија изведувачот и Агенцијата за државни патишта, како финансиер на проектот, на министерот за транспорт, Миле Јанакиески, кој вчера беше во обиколка на делницата.

- Работите се одвиваат според предвидената динамика и до ноември можеме да очекуваме да бидат завршени.

Делницата Демир Капија - Смоквица, која е, исто така, дел од транспортниот Коридор 10, ќе започне да се гради од идната година. Финалниот план е готов и деновиве ќе се испрати до Европската комисија, со што ќе се заокружи проектот вреден 270 милиони евра - изјави минитерот Јанакиески додавајќи дека сумата е висока поради лошиот терен во јужниот дел и пробивањето на патот со десет тунели и исто толку мостови.

Коридорот 10 ќе се гради по сите европски стандарди и се очекува да се финализира до крајот на 2013 година. За Јанакиески најголем дел од проблемите со жителите од селото Табановце, а во врска со експропријацијата на имотот, се решени и ќе се гради по целата траса, а граѓаните ќе бидат обештетени.

На прашањето што се однесува на барањето на стопанските комори да не се крати од Буџетот за капитални инвестиции, туку да се ангажираат домашни фирми, Јанакиески одговори дека ниту еден проект нема да се укине.

- Временски ќе се пролонгираат градежните работи во зависност од расположивите средства, а ќе се бараат позајмици од банки за целосна реализација на сите инвестиции од капитално значење - нагласи Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik